Емотивни сцени во Барселона: Гвардиола доби овации какви што заслужува една легенда! (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола повторно се најде во центарот на вниманието во Барселона, но овојпат не поради случувањата на фудбалските терени. Шпанскиот стратег беше специјален гостин на кошаркарскиот натпревар меѓу Барселона и Олимпијакос во Евролигата, каде што доби громогласни овации од присутните навивачи.

Штом публиката го забележа Гвардиола, следуваше стоечки аплауз за човекот кој остави неизбришлива трага во историјата на каталонскиот гигант. Шпанскиот стратег со насмевка го прифати поздравот и возврати кон навивачите, кои јасно покажаа дека не ги заборавиле неговите успеси.

А на паркетот кошаркарските гиганти водат голема битка, која по продолжението заврши со победа на гостите од Грција (100-105).