• Саше Љолес
Челните лица на АБА лигата одлучија оваа сезона да го укинат Суперкупот во јадранското друштво, иако имаа идеја да воспостават контиунитет во ова натпреварување.
Причината е густиот календар на екипите, затоа што АБА лигата сезонава ќе започне на 20 септември и ќе има повеќе натпревари поради проширувањето на бројот на учесници (Спартак Суботица и Дубаи).
Суперкупот требаше да се одигра на 15 септември, но со заедничка одлука истиот е исфрлен од календарот и не е познато дали ќе се одигра следната сезона. Овогодинешното издание требаше да се одигра во црногорскиот град, Бар.