Гудуриќ заминува од Фенербахче, Хејс-Дејвис го откри неговиот следен клуб

Српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ го напушта европскиот шампион, Фенербахче, а од следната сезона ќе ги брани боите на Олимпија од Милано, јавија турските медиуми. 

Информацијата ја потврди и неговиот соиграч, Најџел Хејс-Дејвис, кој се збогуваше со Гудуриќ и напиша „Милано, добро да го чуваш Марко“. Србинот заминува од Истанбул после освоената титула во Евролигата, а беше одличен и во финалната серија од турскиот плеј-оф против Башакшехир. 

Тимот на Шарунас Јасикевичиус има водство од 2-0 во финалето, а Гудуриќ на вториот меч придонесе со 15 поени, од кои дури четиринаесет ги постигна во последната четвртина, обезбедувајќи триумф со конечни 91-89. 

Претходно во кариерата беше дел од Црвена Звезда, ФМП и Мемфис Гризлис, а за Фенербахчее играше и во периодот помеѓу 2017 и 2019 година. 

ФОТО/PHOTO: Fenerbahce/Facebook