Гудуриќ си замина од НБА и се врати на познат терен во Турција

Гудуриќ

Српскиот кошаркар Марко Гудуриќ кариерата ќе ја продолжи во Турција. И тоа на познат терен, откако си замина од НБА лигата и се врати во Фенербахче.

Лошата сезона во Евролигата го натераа турскиот гигант на овој потег. Србинот доби договор до крајот на сезоната 2022/23.

25-годишникот ја започна кариерата во Црвена Звезда, потоа заигра за ФМП, а пред да замине во Соединетите Американски Држави, две години беше дел од Фенер.

Лошото издание во Мемфис Гризлис го натераа да се врати на европско тло, во потрага по повисока минутажа.