Грузиската влада дебело ќе ги награди кошаркарите за успехот на Евробаскетот

Успесхот на Евробаскетот носи голема слава, но и дебели премии во Грузија. Владата на оваа земја донесе одлука за награда на кошаркарската репрезентација за пласманот во четвртфиналето на Евробаскет 2025. Наградата ќе изнесува околу 950.000 евра,, а секоја следна победа ќе биде наградена со истиот износ, објави премиерот Иракли Кобахидзе. Воедно тој им честиташе на играчите за историскиот резултат.

Ова е за првпат една репрезентација на оваа држава да биде пласирана меѓу осумте на едно европско натпреварување. Исто така премиерот ја истакна и одличната работа на кошаркарската федерација на Грузија.

Репрезентацијата на Грузија во осминафиналето ја елиминираше Франција, а во среда во четвртфиналето ќе игра против Финска.