ФОТО: Грузијците со поддршка за украинскиот народ пред мечот со Македонија

Грузиската кошаркарска репрезентација застана со поддршка за Украина, пред натпреварот против Македонија кој се игра во Скопје во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во 2023 година.

За време на интонирањето на официјалните химни, гостите од Грузија пред себе истакнаа украински знамиња, во знак на поддршка на земјата која е во конфликт со Русија и во која се води голема војна.

Речиси на сите спортски натпревари ширум светот некои од тимовите дадоа поддршка за украинскиот народ, па така беше случај и на овој во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.