Група Е: САД апсолутен фаворит, гарантирана супер-борба за второто место

Група Е

Светското првенство во Кина ќе донесе борба на најдобрите светски селекции за престижната титула. Истата пред пет години, на турнирот во Шпанија, ја освои репрезентацијата на САД, која важи за голем фаворит и оваа година.

Група Е:

САД - „Дрим-тимот“ предводен од Грег Попович ќе игра во групата Е и не се очекува да има големи проблеми за освојување на првото место. И покрај многуте отсустни ѕвезди, америкнските репрезентативци би требало да имаат лесна задача се до завршницата од турнирот. Дури тогаш се предвидуваат први проблеми за тимот кој ќе го предводат Кемба Вокер и Донован Мичел. Ќе биде интересно да се види како младите таленти на бранителот на светскиот трон ќе одговорат на предизвикот да освојат уште едно злато. Поразот од Австралија во подготовките им даде до знаење на нивните ривали дека тие се ранливи и дека би можеле да имаат лош ден и на планетарниот собир.

ТУРЦИЈА - Турската репрезентација е најголемиот фаворит за втората позиција која носи пласман во следната фаза. Чеди Осман ќе биде прва ѕвезда во екипата на Уфук Сарица. Покрај младиот плејмејкер, има уште двајца кошаркари кои настапуваат во НБА лигата. Со своето искуство сигурно ќе помогнат и Ерсан Иљасова и Фуркан Коркмаз. 

ЧЕШКА - Противникот на кој што треба да се внимава е чешкиот национален тим. Иако навидум нема звучни имиња, составот на Чешка има императив да приреди изненадување и да се избори барем за втора фаза на СП. Прво име и главна опција во нападот ќе биде Томас Саторански кој од оваа година ќе настапува во Чикаго Булс. Долго време Чесите немаа пласман на Мундобаскетот, па можеби искуството ќе им недостасува во моментите во кои ќе се одлучуваат натпреварите.

ЈАПОНИЈА - Аутсајдерот во оваа група и тимот од кој што не се очекуваат големи нешта е јапонската репрезентација. Кошаркарите на Хулио Ламас немаат настап на СП од 2006 година, кога беа домаќини на турнирот. За време на натпреварите на Јапонците ќе се следи само едно име. Тоа е младиот талентиран кошаркар Руи Хачимура кој се надева дека ќе блесне и дека ќе го покаже својот целосен потенцијал.