Група А: Кина благ фаворит во најслабата група

Една од најслабите, ако не и најслабата група на Мундобаскетот ја сочинуваат четири селекции кои никогаш не освоиле голем трофеј во организација на ФИБА. Ќе биде прворазредна сензација ако некоја од селекциите од А групата избори завршна фаза на турнирот. Кина, Полска, Венецуела и Брегот на слоновата коска се во најмала мера само просечни селекции.

Група А:

КИНА - Домаќинот секогаш мора да се сфати сериозно, иако оваа Кина не е играчки моќна како на претходните Азиски шампионати или пак во ерата на Јао Минк, Бројот на таканаречени ѕвезди е сведен на минимум и иако кинеската Суперлига носи супер-ѕвезди, квалитетот не е ни за златна средина. Фанх Шуо и Ванг Шелин се адутите на домаќините за нешто повеќе од симболичен настап.

БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА - Една од највисоките и физички најмоќни селекци на турнирот. Сепак, според јавноста селекција со поскромен квалитет од Нигерија и Сенегал, двата останати учесници од „црна“ Африка. Диабате, Кулибали и Фофана се кошаркарките кои јавноста со внимание ќе ги следи.

ПОЛСКА - Можеби немаат доволни креација како некои други селекции, но сепак Полјаците имаат нова млада генерација и „пукаат“ од физичка сила. Тоа се фактори кои можат да бидат незгодни за секој противник. Кулиг и Грузецки се дел од кошаркарите со прилично израмнет квалитет во ростерот.

ВЕНЕЦУЕЛА - Третата најсилна селекција од Јужна Америка пријави еден од најмладите ростери на турнирот. Хоман Замора ги предводи во обидот да запишат победа на големите приредби, а во татковината потајно се надеваат дека од Кина ќе стигне првата победа на Мундијалите.