„Гробари“ жестоко кон Миротиќ: Да не беше најголема п*чка, ќе беше на паркетот! (ФОТО)

Навивачите на Партизан не му го забораваат „предавството“ на Никола Миротиќ. Популарните „Гробари“ на натрпеварот против Олимпија Милано (каде што игра Миротиќ) истакаа неколку пароли посветени кон него. 

Најверната навивачка група на Партизан со низа навреди му се обрати на црногорскиот кошаркар кој игра со шпански пасош. Тие му напишаа: „Чиј повик е поважен од образот и дадениот збор? Стравот во животот често го валка образот. Да не си најголема п*чка, вечерва ќе беше на паркетот“. Покрај тоа, истакнаа и транспарент на кој нагласија дека Миротиќ одглумил повреда, само за да не се соочи со полните белградски трибини. 

Инаку, летово Миротиќ беше пред трансфер во Партизан. Тој му даде збор на Жељко Обрадовиќ дека ќе парафира со српскиот тим, делуваше дека сè е готово, а потоа дојде до пресврт. Никола Миротиќ заврши во Милано, по повеќемесечни преговори со Партизан. Како причина за погазувањето на дадениот збор, кошаркарот посочи политички и религиозен притисок.