Гркинките пресилни за младата Македонија на јуниорскиот евро-шампионат

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години доживеа втор пораз на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Плоешти, овој пат во дуелот со Грција (46-88).

Македонија на овој евро-шампионат игра во подмладен состав, генерациски е најмлада и има кошаркарки родени со помала годишна граница, па резултатот во дуелот со големиот фаворит е очекуван. Исто како и Ирска на мечот од првото коло, така и Грција ги доби сите четвртини.

Најдобра кај Македонија беше Ива Колева со 11 поени, пред Јана Пишлевска и Милица Николиќ со по осум поени. Кај Грција, Мирто Лиандули имаше 14, а Лидиа Чатира постигна 13 поени.

Во следното коло на ЕП Б-дивизија, Македонија игра против Бугарија.