• Горан Упале
Судискиот оддел на Светската кошаркарска федерација, ги одреди официјалните лица за првиот натпревар на македонската сениорска репрезентација во претквалификациите за Светското првенство во 2027 година.
Македонија ќе се судри со Романија во Куманово, а судиската тројка на мечот од групата Е ја сочинуваат Георгиос Пурсанидис од Грција, Јенер Јилмаз од Турција, односно Венцислав Великов од Бугарија. Во улога на комесар/технички делегат е Словенецот Алеш Камникар.
Инаку, нашите кошаркари ќе имаат голема поддршка во Куманово, затоа што се очекува салата да биде исполнета до последно место.


