Грин: Јокиќ по поразот се разлути и ми подготвува одмазда

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија во првиот плеј-оф натпревар од Голден Стејт Вориорс (107-123), а веќе ноќва имаат поправна шанса. 

Како еден од клучните во триумфот на „воините“ се истакна Дрејмонд Грин. Искусниот кошаркар успеа колку-толку да го задржи Никола Јокиќ, па во пресрет на вториот дуел смета дека Србинот е желен за одмазда. 

„Тој уфрли 25 поени, не можеш туку така целосно да затвориш одличен игра. Јокиќ не е бадијала МВП на лигата, а можно е и повторно да го добие признанието. 

Чувстувам дека ќе дојде и ќе се обиде да ми забие 40 поени со 15 скока и асистенции, се разбесне и се враќа по одмазда“, изјави Грин. 

Вториот натпревар во серијата се игра ноќва во 04:00 часот по полноќ. Голден Стејт ја исполни целта и веќе направи еден „брејк“, па во добра позиција ќе патува назад кон Денвер.