Грејнџер ја напушти Басконија и потпиша за Алба Берлин

По две сезони минати во Ендеса лигата и една одвоена титула со Басконија, Џејсон Грејнџер се сели во Бундеслигата и официјално е нов кошаркар на Алба Берлин. По заминувањето на Гиедраитис во Баскија, во спротивен правец замина 31-годишниот Грејнџер.

Уругвајскиот интернационалец во Европа ги носеше дресовите на Анадолу Ефес, Уникаха Малага, Естудијантес и Басконија. Грејнџер потпиша договор на една сезона и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Аитор Гарсија Ренесес.

Со 148 настапи во Евролигата, уругвајскиот репрезентативец е еден од најискусните кошаркари во ростерот на германскиот шампион.