Грците го именуваа Рик Питино за свој нов селектор

Искусниот американски тренер и до минатата сезона предводник на Панатинаикос, Рик Питино, деновиве е именуван за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Грција. Договорот е постигнат, но Питино селекцијата ќе ја преземе во летото 2020 година.

Питино е еден од најдобрите колеџ тренери во историјата на НЦАА лигата во Соединетите Американски држави. Тој пристигна во Грција и в понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе биде претставен пред јавноста. 

Грците во февруари 2020 година ќе ги започнат квалификациите за Евробаскетот 2021, а ждрепката ги смести во група со Летонија, БиХ и Бугарија. На првите натпревари Грците ќе ги води Танасис Скуртопулос.

Пласман на олимискиот турнир во Токио е првата цел на Питино, а потоа веројатно полесната мисија е пласман на континенталниот собир.