Во неделата Панатинаикос ја одбрани титулата во грчката Суперлига со победата во пет меча против големиот ривал Олимпијакос. Ова е втора национална титула на „детелинките“ со Чави Пасквал на клупата.
Кошаркарите на Панатинаикос ја одбранија титулата во грчката Суперлига, откако во пет меча го победија големиот ривал Олимпијакос. Мајсторката во „О.А.К.А. Арена“ убедливо им припадна на „детелинките“ на Чави Пасквал, кои славеа со убедливи 84-70 и со 3-2 во победи стигнаа до нова титула.
Екипата на Панатинаикос е на чекор до титулата во грчкото кошаркарско првенство затоа што во третиот натпревар против Олимпијакос успеа да слави со 73-58, триумф кој во серијата донесе предност од 2-1.
Грчкото финале во плеј-офот очекувано донесе дерби помеѓу двете најдобри екипи, Панатинаикос и Олимпијакос, кои моментално се израмнети на 1-1. На првиот меч домашниот терен не го искористија „зелените“, но возвратија денес со славје среде Пиреја со 66-71.
Во финалето на грчкиот плеј-оф, според очекувањата се најдоа Панатинаикос и Олимпијакос. Екипата од Пиреја успеа да дојде до брејк уште на стартот на серијата до три победи, откако славеше во „ОАКА Арена“ со 65-75.
Грчкиот кошаркар, Јанис Бурусис би можел да направи кам-бек во Панатинаикос и да биде големо засилување во продолжение на сезоната. Бурусис беше дел од атинскиот тим во минатата сезона, пред да направи трансфер во кинескиот Џеџанг Лајонс.
Грчкиот шампион Панатинаикос значително се засили за вториот дел на сезоната, откако потпиша со Адреин Пејн. Американскиот центар доаѓа како слободен агент, откако минатата недела Орландо одлучи да го раскине договорот со него.
Фановите на кошаркарски гигант, Панатинаикос, не можеа да замислат поубав старт за својата екипа во новата сезона од домашната прва лига. Во големото дерби на грчката кошарка, ПАО на гостински терен го реши Олимпијакос, откако со 68-71 славеше над лутиот ривал.
Ник Калатес од синоќа повеќе не е капитен на грчкиот првак Панатинаикос. Поради честите ноќни излегувања, грчкиот репрезентативец ја загуби траката, а тренерот Пасквал и управата на клубот одбија да одговорат дали Калатес ќе биде и дополнително казнет.
Американецот Мет Лоџески, кој последните четири сезони настапуваше во Олимпијакос, премина во градскиот ривал Панатинаикос. Така по случајот Спанулис, повторно се случи премин од еден во друг атински ривал, овој пат во спротивен правец.
Грчкиот центар Антонис Фоцис ја заврши професионалната кариера во 36 година од животот. По 12 сезони во дресот на Панатинаикос и освоени три титули во Евролигата, 10 во првенството на Грција и 6 во Купот на Грција. Покрај за „детелинките“ Фоцис две сезони настапуваше за мадридски Реал и во 2005 ја освои титулата во Шпанија.
Раководните луѓе на грчкиот кошаркаски гигант, Олимпијакос, успеаја да го задржат еден од своите најдобри кошаркари, Јоргос Принтезис, кој се обврза на нов договор, со важност до 2020 година.
Кошаркарите на Панатинаикос во неделата го освоија грчкиот шампионат со победата во мајсторката од финалето на плеј-офот на теренот на Олимпијакос во Пиреја. Момците на Пасквал националната титула ја прославија на островот Миконос, каде беа уловени од локалните ТВ станици. Во главна улога беа Американците од ПАО коии со своите избранички се забавуваа на плажите на познатиот грчки остров.
Бекот на Олимпијакос, 27-годишниот Вангелис Манцарис, има понуда од лутиот ривал Панатинаикос, за во наредната сезона да се пресели во зелениот дел на Атина.
Заврши двегодишното владеење на Олимпијакос во кошарска Грција. Од вечерва нов шампион на нашиот јужен сосед е екипата на Панатинаикос, која успеа да ја добие мајсторката (66-51) со лутиот ривал и да слави заслужена титула од домашниот шампионат.
Кошаркарите на Панатинаикос славеа убедлива победа во четвртиот натпревар од финалето на плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Грција против Олимпијакос со 71-59. По денешната победа резултатот во финалната серија е израмнет на 2-2 и освојувачот на титулата ќе биде познат по мајсторката, која ќе се одигра на теренот на Олимпијакос.
Европскиот вицешампион Олимпијакос поведе со 1-0 во финалето на плеј-офот на грчката Суперлига во кошарка. Клубот од Пиреја воден од капитенот Василис Спанулис ја доби дефанзивната битка на мал број на поени со „детелинките“ водени од Чави Пасквал.
Кошаркарите на Панатинаикос со чисти 3-0 беа елиминирани од тимот на Фенербахче, а поради тоа претседателот на тимот Димитрис Јанакопулос веднаш по натпреварот во Истанбул ги откажа авионските билети и на своите кошаркари им обезбеди автобуски превоз до Атина.