Грција уште е „жива“ – еве како може до четвртфинале на СП

Кошаркарската репрезентација на Грција и покрај поразот од САД во рамки на втората фаза, се уште има шанси да игра за медал на Светското првенство (СП) кое се одржува во Кина.

„Хелените“ имаат седум бода во втората фаза, а во последното коло играат со Чешка. Може да продолжат меѓу најдобрите осум во светот, само ако успеат да го совладаат противникот со 12 или повеќе поени, во спротивно за нив ќе дојде крајот.

Исто така, на Грција потребна ѝ е услуга и од САД, затоа што „дрим-тимот“ на Попович ќе мора да го победи Бразил.