Грција преку Хрватска до олимписка виза, место во Париз и за Шпанија

Кошаркарите на Грција си го обезбедија местото на Олимписките игри, откако во плеј-оф финалето во Пиреја ја совладаа Хрватска со 69-80. Грчките кошаркари предводени од првата ѕвезда Јанис Адетокумбо и одличниот Георгиос Папајанис ги решија Хрватите. 

Во мечот се влезе израмнето, екипите се менуваа во водството и ниту една репрезентација не успеа да изгради предност. До полувремето успеа да се наметне номиналниот гостин. Грците поведоа со највисоки осум разлика (29-37), а на одморот се замина со 39-45. 

Вториот дел тргна пак израмнето, а потоа репрезентацијата на Грција почна да гради предност која ја мина двоцифрената маргина. Фаворитот ја исконтролира играта и резултатот, чекорејќи сигурно до победата. Јанис Адетокумбо со 23 поени беше прво име во победата, а Папајанис уфрли 19. Исто толку имаше и Ивица Зубац кај Хрватите. 

Репрезентацијата на Шпанија на турнирот во Валенсија се радуваше во финалето против Бахамите со 86-78. „Фуријата“ не беше премногу убедлива, меѓутоа со добар финиш на првото полувреме си го трасираше патот до победата. Прво име на мечот беше Хилд кој уфрли 19 поени за Бахами, а Лоренцо Браун имаше 18.