• Иван Димовски

Репрезентациите на Грција и Литванија не успеаја да победат во квалификациските финалиња на турнирите за пласман на Олимписките игри. Поради неуспесите, Рик Питино и Даријус Масколијунас повеќе нема да бидат селектори на Грција, односно Литванија.
Грците загубија од Чешка на турнирот во Канада, со убедлива разлика, а самиот Питино потврди дека заминува од клупата.
„Нема иднина тука за мене. Повеќе нема да бидам селектор на Грција, ова беше за мене еден обид. Траеше само шест седмици, а и понатаму имам тим и ова ми одзема премногу време. Во Грција не знаат кој ја води федерацијата, но има одлични тренери кои може да дојдат по мене“, призна Питино.
Од друга страна, Литванија немаше решение за одличниот Лука Дончиќ кој со „трипл-дабл“ ја одведе Словенија до прв пласман на Олимписките игри. Поради тоа, Масколијунас реши да ја напушти клупата и да продолжи како асистент на Јасикевичиус во Барселона.
„Завршив со селекторската работа. Штета што крајот беше ваков. Словенија не „уби“ во третата четвртина, играа со ниска петорка, а ние не можевме да ја спуштиме топката во рекетот. Ужасно сме разочарани. Ние, тренерите направивме многу грешни тактички одлуки, кои резултираа со домашен пораз“, изјави Масколијунас.
Разочарувањето за поразите е големо, Литванците по седум последователни настапи на Олимписките игри сега нема да бидат дел од турнирот, додега Грција и третпат во низа извиси за место.