• Александар Ковачев
Младите кошаркари на Израел и Грција ќе играат во финалето на Европското првенство за кошаркари до 20 години (А-дивизија), кое се оддржува на Крит (Грција). За кошаркарите на Израел утрешното финале е прво по 2004 година.
Израелците во полуфиналето ја декласираа репрезентацијата на Франција со 74-52. Лидер на победничката селекција беше Коперберг, кој натпреварот го заврши со 27 поени и 9 скока. Во репрезентацијата на Франција, која во четвртфиналето ја изнанади Србија, најмногу 13 поени постигна Денис.
Во второто полуфинале домаќинот Грција исто така славеше убедлива победа од 77-56 против репрезентацијата на Шпанија. Лидер кај нашиот јужен сосед беше Харалампопулос со 19 поени, а Карас додаде 16. Во репрезентацијата на Шпанија Марти и Гарсија постигнаа по 12 поени.