Кендрик Нан го одигра второто полувреме од решавачкиот петти натпревар од финалната серија против Олимпијакос и покрај тоа што имал скршено ребро, пренесуваат грчките медиуми.
Третото полувреме по финалната серија меѓу Олимпијакос и Панатинаикос донесе сцени какви што ретко се гледаат дури и во грчката кошарка, позната по своите жестоки ривалства.
Кошаркарите на Олимпијакос повторно се шампиони на Грција. Тимот од Пиреја вечерва го совлада големиот ривал Панатинаикос со 89-85 во решавачкиот петти натпревар од финалната серија и со вкупни 3-2 ја одбрани шампионската титула.
Екипата на Панатинаикос го совлада Олимпијакос дури по две продолженија (93-86) во четвртиот натпревар од финалето на грчкото првенство, со што ја одведе серијата во петти решавачки натпревар.
Олимпијакос направи голем чекор кон шампионската титула во Грција, откако го совлада Панатинаикос со 102-92 во третиот натпревар од финалната серија на плејофот.
Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги „пецна“ судиите кои се делегирани за третиот натпревар од финалната серија против Олимпијакос во грчкото првенство, истакнувајќи дека „очекува еднаков и фер третман“.
Грчкиот кошаркарски великан, Олимпијакос, официјално побара строга санкција за сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, по инцидентите што се случија за време на вториот натпревар од финалната серија во грчкото првенство.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел да биде едно од најзвучните засилувања во грчката кошарка ова лето, откако се појавија информации дека е многу блиску до потпис со Арис од Солун.
Грчкиот кошаркарски гигант, Панатиниакос, покрена иницијатива за одземање на државјанството на кошаркарот од редовите на лутиот ривал Олимпијакос, Томас Вокап, што дополнително ги разгоре тензиите меѓу двата клуба.
Бугарскиот кошаркар Саша Везенков доби суспензија од еден натпревар во домашното првенство поради „несоодветно однесување на теренот“, јави грчката кошаркарска федерација.
Кошаркарската јавност е во шок по настаните што се случија по натпреварот во грчкото првенство, во кој главна улога имаше еден од најдобрите европски кошаркари, Александар Везенков. Сè започна со жесток дуел и вербален конфликт на теренот, кој ескалираше во физички судир со противнички играч.