Грчкото дерби во Евролигата за ПАО, Басконија го декласира Реал

Кошаркарите на Панатинаикос го добија грчкото дерби во Евролигата, откако на теренот на Олимпијакос славеа со 88-77. Пресметката од 24. коло на елитното натпреварување мина во знакот на гостите од Атина, кои во Пиреја го контролираа резултатот и заслужено победија. 

Освен воведната позитива, Олимпијакос им ја препушти водечката улога на ривалите, па со добри серии ПАО се одлепи. Домаќинот во неколку наврати стигаше и беше близу, ама немаше сили да израмни и поведе, па на крајот Панатинаикос победи со двоцифрена предност. 

Најефикасни играчи на мечот беа Сант Роос и Меккисик со по 20 поени, додека ги следеше триото од Панатинаикос Бочоридис, Митоглу и Вајт со по 15 и 12 поени. 

Басконија приреди сензација и на гостински паркет го прегази Реал Мадрид со 84-64. Шокантно лошиот старт им даде предност на гостите од стартот, а иако Реал намали дел од негативата немаше сили и убедливо загуби во овој дуел. Првите четири поентери доаѓаа од редовите на Басконија, а тие беа Полонара (18), Питерс (16), Гиедраитис (14) и Вилдоза (13). За „кралевите“ ова беше деветти неуспех во Евролигата, додека за Басконија 11 победа. 

На останатите терени Фенербахче победи кај Зенит (92-84) и Лион беше подобар од Милано (78-69).