• Саше Љолес
Грчкиот кошаркарски гигант, Панатиниакос, покрена иницијатива за одземање на државјанството на кошаркарот од редовите на лутиот ривал Олимпијакос, Томас Вокап, што дополнително ги разгоре тензиите меѓу двата клуба.
Според информациите, причината за ваквиот потег се поврзува со спорни изјави и „непримерно однесување“ на кошаркарот, кои во Панатинаикос ги оценуваат како навредливи и неприфатливи.
Ривалството меѓу двата атински клуба важи за едно од најжестоките во европската кошарка, а овој случај само дополнително ја подигна атмосферата пред нивните идни соочувања.
Засега нема официјална одлука од надлежните институции, а останува да се види дали барањето ќе добие правна основа и продолжение. Вокап доби грчко државјанство во 2023 година и настапуваше за Грција на Олимписките игри во Париз.

