Грчки гигант испрати „неморална понуда“ за Кевин Пантер

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер блесна во петтиот натпревар од финалето на АБА лигата и го предводеше тимот до победата и титулата. Пантер заслужено ја доби наградата за најкорисен играч (МВП) на финалната серија.

Сезонава, Американецот беше избран во втората петорка на Евролигата (постигнуваше 16,1 поен по натпревар). Пантер играше многу добро цела сезона, па не е изненадување што покрај „црно-белите“, многу други клубови го посакуваат во своето јато.

Грчкиот „Тоталбаскет“ пренесува дека Панатинаикос му понудил 4,7 милиони евра за две сезони. Новиот стратег на гигантот од Атина, Ергин Атаман гради моќен тим, а Пантер е негова голема желба за него.

„Ќе знаеме за неколку дена, ќе видиме што ќе се случи“, веднаш по мајсторката во АБА-финалето, изјави Кевин Пантер.

Панатинаикос се побврзува и со Лука Вилдоза, кому договорот со Црвена Звезда му истекува на крајот од месец јуни.