Грант и Нан не дозволија срам за ПАО против „фенерџијата“ во Евролигата

Екипата на Панатиниакос долго се мачеше да го скрши отпорот на последнопласираниот тим во Евролигата, Алба Берлин, но на крајот успеа да извојува победа со конечен резултат 91-81. 

Натпреварот од триесеттото коло започна солидно за „детелинките“ од Атина, кои на паузата водеа со 46-35, но Алба во второто полувреме возврати со солидна игра и покажа дека има квалитет во својот ростер. 

Германците ја добија третата делница со 20-29, а во последните десет минути долго се држеа на мала негатива и беа во игра за големо изненадување. Сепак, актуелниот европски шампион со своето искуство не дозволи срам пред своите гледачи, а на крајот најефикасен играч беше Џеријан Грант со 19 поени. Еден помалку постигна Кендрик Нан.