Гран Канарија го елиминира шампионот и обезбеди место во Евролигата

Екипата на Гран Канарија е хит на сезоната во Ендеса лигата и за првпат во историјата обезбеди учество во Евролигата. Клубот од Канарските Острови сензационално го елиминира првакот на Шпанија од минатата сезона, Валесија, уште во полуфиналето на плеј-офот. Имено, синоќа на гостински терен, Гран Канарија славеше со 89-92 и со 2-1 во серијата го исфрли тимот кој минатата сезона стана шпански првак.

Најефикасни поединци во таборот на „жолтите“ беа Ериксен со 18, Оливер запиша 13, а Балвин беше автор на 12 поени. Во таборот на Валенсија не помогнаа ниту 22 поени на Фернандо Сан Еметерио. Во полуфиналето Гран Канарија ќе се соочи со Реал Мадрид, а вториот полуфинален пар го сочинуваат Барселона и Басконија.

Со оглед на тоа што Реал Мадрид, Барселона и Басконина имаат А лиценца и долгогодишни договори со Евролигата, Гран Канарија како претставник на Ендеса лигата од следната сезона ќе игра во најсилниот европски Куп како четврти претставник на Шпанија.