• Зоран Мишевски

Струмичкото дерби на стартот на Првата кошаркарска лига во целост ѝ припадна на екипата на Струмица ФМП, која стигна до убедлива победа од 49-80 над Ролинг. Александровски со 23 и Пандев со 20.поени го предводеа победничкиот тим, додека на другата страна, двоен број на поени – 13, имаше само капитенот Мицев.
Кошаркарите на Соколи 1933 ја оправдаа фаворитската улога на отворањето на новата сезона во Првата македонска лига и дојдоа до убедлива победа од 90-71 против екипата од Велес. Четворица играчи со десет или повеќе поени се истакнаа во штипскиот тим. Најмногу 16, даде Костадинов, еден поен помалку имаше странецот Хамилтон, Коцев застана на 14, а Тодоровски ги испрати со 10.реализации. Во екипата на Борец баскет, се истакна Сапроновски, кој реализираше 20 поени, новакот во нивните редови Трпески даде 18, а ветеранот Штерјов имаше 13 поени.
Прва кошаркарска лига (м)
Група А - прво коло:
Вардар – Тетекс ТТК 99-65
Мега баскет – Црн Дрим 86-80
Водно санс – Охрид 68-80
Слободен: Младинец
Прва кошаркарска лига (м)
Група Б - прво коло:
Спортисимо – Овче поле 56-87
Ролинг – Струмица ФМП 49-80
Соколи 1933 – Борец баскет 90-71
Слободен: Бутел