ВИДЕО: Градското дерби за Клиперси, Јокиќ го надмина легендарниот Чемберлејн

По убедливата победата над Сакраменто, кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс паднаа на најголемиот испит во периодот кога на паркетот се без најдобрите Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Шампионот во одлична атмосфера гостуваше кај градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс, но немаше сили за надигрување, застана на само 86 поени и загуби со убедливи 18 поени разлика (104-86).

Морис со 22, Ленард со 19 и Џорџ со 16 поени беа водечка сила на Клиперси во оваа значајна победа, додека кај поразениот тим се истакнаа Харел со 19 и Тукер со 16 постигнати поени.

Никола Јокиќ продолжува да одушевува во НБА лигата и ноќва испиша нова страница во историјата на НБА лигата. Српскиот ас сруши рекорд на легендарниот Вилт Чемберлен, откако со 16-те асистенции на натпреварот со Орландо, стана најуспешниот центар во историјата на лигата, кога се сметаат двоцифрените асистенции на еден натпревар, вкупно 81.  

Неговиот тим одигра доминантен натпревар против Орландо и на крај славеше со убедливи 119-109. Прв стрелец на натпреварот беше Гордон од Денвер (24), додека кај Оралндо најпрецизен беше Окаке со 19 поени.

На останатите натпревари од НБА лигата играни ноќва, Бостон славеше над Шарлот со 116-86, Мемфис ја изненади Филаделфија со 100-116, додека нови порази запишаа сè поочајните Хјустон и Голден Стејт.