„Градски парк“ остана без „џинот“: Мишановиќ си замина од Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, екипата на Работнички ќе мора да бара нов центар за наредната сезона затоа што од тимот си замина Ненад Мишановиќ.

„Џинот“ под обрачите реши да си замине од Македонија и својата кариера да ја продолжи на Кипар.

Марин Докузовски ќе мора да бара алтернатива за наредната сезона, гледајќи на фактот дека Мишановиќ поради неговата висина беше еден од најдобрите играчи под обрачите, како во нападот, така и во дефанзивата.

Покрај без Мишановиќ, Работнички наредната сезона ќе биде и без Владо Илиевски кој заминува во пензија.