• Горан Упале

Култната кошаркарска сала „Градски Парк“ и официјално во иднина ќе го носи името на легенадрниот тренер, Лазар Лечиќ, кој почина во 2024 година, а важи за едно од најголемите имиња кое го дала македонската кошарка.
Оваа информација на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„На мој предлог, салата се преименува во чест на човекот кој остави длабока трага во македонската кошарка и во историјата на КК Работнички. Ја реконструиравме од корен и таа сега доби целосно нов лик – заслужува име што ќе го продолжи духот и традицијата на клубот.
Горд сум што нашата сала е по ФИБА стандарди, подготвена за нови спортски успеси и генерации кои ќе ја продолжат славната кошаркарска приказна на Работнички.
Лазар Лечиќ е вистинска легенда и неговото име ќе живее овде, каде што испиша историја“, свои во објавата.
Реновираната сала во Градскиот парк своето официјално отворање го имаше пред една седмица на претквалификацискиот натпревар за Европското првенство помеѓу селекциите на Македонија и Луксембург.











