Гостивар во „Младост“ ѝ се реваншира на Академија ФМП

Екипата на Гостивар на домашен терен славеше над Академија ФМП (91-81) и на ривалот му се реваншира за поразот во првата меѓусебна пресметка на стартот на сезоната во рамки на Првата лига.

Гостиварчани фатија ритам на натпреварот на стартот на второто полувреме, кога го скршија отпорот на „пантерите“ од Скопје и обезбедија двоцифрена предност (52-41). Одличен беше Александар Костоски во клучните моменти, кој покажа мирна рака при шутот за три.

Фрајдеј беше најефикасен кај Гостивар со 29 поени и 10 скока, пред Вокер со 19 поени, а Костоски реализира 14 поени. Кај Академија ФМП прво име беше Крстајиќ со 29 поени, а Двојаковски имаше 19 поени.

  • Комплетниот натпревар меѓу Гостивар и ФМП Академија: 

Гостивар во новата сезона има скор 6-3 и на табелата е изедначен со третопласираната Академија ФМП со ист скор.