Гостивар со поддршка за Антиќ: Време е кошарката да се врати...

Македонскиот прволигаш Гостивар, застана зад кандидатурата на Перо Антиќ за прв човек на Македонската кошаркарска федерација. 

За утре е закажано собранието на МКФ, на кое ќе се избира новиот претседател, а клубот на Гостивар јавно ја искажа својата поддршка до својот поранешен прв човек. 

„Кошаркарскиот клуб Гостивар пред утрешниот избор на прв човек на МКФ, со сите свои структури бескомпромисно ја поддржува кандидатурата на Перо Антиќ и неговиот тим. Време е кошарката да се врати на ниво со кое ќе се гордееме сите, а спортот да стане реална опција во животот на младите генерации“, пишува соопшението на КК Гостивар.

>>> ПОВРЗАНО - Перо Антиќ за Gol.mk: Не се плашам од неуспех, туку ги сакам предизвиците!

Пред извесен период Антиќ ја напушти претседателската функција на тимот на Гостивар, за потоа да биде избран за почесен претседател. Покрај Антиќ, во борбата за фотелјата на МКФ е и сегашниот секретар Владимир Темелковски.