• Иван Димовски

Кошаркарскиот клуб Гостивар промовира ново име за втората полусезона во Првата македонска кошаркарска лига.
Засилување на гостиварчани е Калон Вајтли, кој доаѓа од редовите на Кавала во Грција. Американецот оваа сезона одигра единаесет средби за Кавала и бележеше во просек по 9,5 поени и 4,2 асистенции.
Вајтли има 25 години, игра на позицијата плејмејкер и Гостивар е негов втор клуб во професионалната кариера. Претходно тој настапуваше во НЦАА лигата за универзитетот Џорџија Саутвестерн.