• Горан Упале
Македонскиот кошаркарски прволигаш, Гостивар, доведе уште едно ново име во своите редови, поточно кошаркар кој што се враќа во старото јато.
Тимот од западна Македонија се засили со младиот македонски кошаркар Мартин Ѓорѓиоски, кој во матичниот клуб се враќа по неколкуте сезони одиграни во Феникс. Се работи за кошаркар кој може да ги покрие позициите крило и крилен центар.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија е второто засилување на Гостивар, откако претходно тимот го засили српскиот интернационалец Младен Грушаровиќ. Претходно, управата на Гостивар го продолжи договорот со младиот Максим Митевски.