Гостивар потпиша плејмејкер со искуство во АБА лигата

Кошаркарската екипа на Гостивар доби засилување во своите редови, откако за тимот потпиша Малком Армстед, кој игра на позицијата плејмејкер.

Новиот организатор на играта за гостиварчани ќе внесе конкуренција и искуство во редовите на тимот, во борбата за што подобар пласман во македонското првенство. Гостивар е во самиот врв на табелата во Првата лига, а со сигурност има амбиции да се бори за завршницата. 

Американецот со косовски и романски пасош доаѓа од редовите на Пеjа, а претходно има настапи во АБА лигата за Крка и АЕК Атина. Покрај овие тимови, тој настапuваше за Истанбул, Јесилгиресун, Нептунас, Ретимно, Бујукчекмеџе и Кумис.

Гостивар се наоѓа пред квалификација во Суперлигата на три кола до крајот на регуларниот дел на сезоната.