Гостивар остана без планираниот Американец, па го договори Зивчевиќ

Ненад Зивчевиќ се враќа во мак-кошарката и следната сезона ќе настапува за екипата на Гостивар. Клубот од истоимениот град го потврди потписот со искусниот крилен центар. 

Зивчевиќ доаѓа во редовите на Гостивар како алтернативно решение, откако американскиот кошаркар Крис Сили го откажа доаѓањето во Македонија. Гостиварчани имаа договорено сè со Американецот, се очекуваше тој да дојде на потпис, но поради нејасни причини договорот отпадна. 

Гостивар го искористи тоа и го договори Зивчевиќ кој има завидно искуство зад себе. Тој потекнува од екипата на Работнички, а играше за повеќе македонски клубови: МЗТ, Лирија Струмица, Куманово, Кубус. Во странство имаше настапи за клубови од Балканот, Украина, Шведска, а имаше и вон-европски авантури.