Гостивар како казнена експедиција мина низ Чаир

Македонскиот прволигаш Гостивар одигра уште еден доминантен натпревар во Првата лига и како гостин кај Шкупи во „Чаир“ дојде до убедлив триумф (68-125), со кој останува во битката за пласман во Суперлигата.

Тимот на Марјан Србиновски одигра квалитетен натпревар и запиша сигурен триумф над фенерџијата во нашиот шампионат. Сите четири периода им припаднаа на гостиварчани, а гостинот најмногу се истакна во третиот квартал, во кој прими само 13 поени, а на спротивната страна постигна 33.

Кај победникот, најефикасен беше Бојан Трајковски со 22 поени, Фустингер постигна 19, а Димитриевски уфрли 17 поени, а кај Шкупи, Колев даде 14 поени, а Цариќ запиша 13 поени.

Гостивар е на четвртото место во Првата лига со скор 11-5, додека Шкупи по 16 кола има 16 порази. Во наредното 19. коло, Гостивар ќе го заверува пласманот во Суперлигата на домашен терен против Вардар, додека Шкупи гостува кај Охрид.