Гостивар го задржа „костурот“, договори за Костоски, Јанески, Димитриевски...

Кошаркарскиот клуб Гостивар почна да работи на тимот за следната сезона и обнови договори со неколку главни играчи кои решија да останат во градот и понатаму.

Како што пишува „ГостиварПрес“, потврдена е соработката со браќата Ренато и Роберт Димитриевски, искусниот Марјан Јанески, шутерот Александар Костоски, како и Александар Тодоровиќ.

Според најавите, во сениорскиот тим ќе се прекомандуваат и неколку младинци кои ќе го освежат ростерот. Од КК Гостивар потенцираат дека се надеваат на убава кошаркарска приказна и најавија уште новитети.