Гостивар го заборави поразот од Кожув и убедливо го надигра МЗТ Скопје Уни Банка

Поразот од Кожув во претходното коло е минато за кошаркарите на Гостивар. Избраниците на Маријан Србиновски вечерва запишаа нова рутинска победа во Првата лига, откако со 89-69 го совладаа новајлијата во шампионатот МЗТ Скопје Уни Банка. 

Младите „металци“ изенадувачки одлично го отворија натпреварот, имаа позитива по првите десет минути, но како одминуваа четвртините, така водството на Гостивар се зголемуваше и на крај застана на +20.

Со водство од 21-25 по првата четвртина, МЗТ Скопје Уни Банка како да сакаше да најави неизвесен дуел, но до такво нешто не дојде. Домаќините за краток период се созедоа, заигра поангажирано и уште на полувреме стигнаа до позитива од пет коша (41-36). На почетокот на третиот квартал гостиварчани за првпат се одлепија на двоцифрена позитива, која до крајот на натпреварот само ја зголемуваа. МЗТ Скопје Уни Банка одигра катастрофална последна четвртина, постигана само десет поени и запиша пораз од 89-69.

Џелатовиќ со 30 поени беше нерешлива енигма за гостите од Аеродром, додека во домашниот состав солидни беа уште Доналдсон и Димчевски со по 11 поени. Кај поразениот тим 21 поен имаше Мамузиќ.