• Горан Упале

Кошаркарскиот клуб Гостивар не застанува со засилувањата на ростерот со амбиција за експресно враќање во кошаркарската елита, а ново име во тимот е Таулант Ибраими – Љанти.
Искусниот бек се враќа во средината во која ги направи своите први сениорски кошаркарски чекори, а сега повторно ќе го облече дресот на Гостивар со јасна цел, да помогне клубот да се врати во Суперлигата.
Ибраими има искуство и со младинските репрезентативни селекции на Македонија, а во 2021 година беше дел од репрезентацијата до 20 години.
Неговото враќање е уште еден потег на Гостивар во создавањето на тим кој во новата сезона ќе има амбиција да се бори за највисок пласман и враќање во елитата.
