Гостивар го пречека новиот кошаркарски „џин“ од САД

Македонскиот кошаркарски суперлигаш го доби и второто странско засилување пред стартот на подготовките, откако во Македонија пристигна американскиот „џин“ Браон Бреди.

Бреди, кој има 23 години, доаѓа од НЦАА-лигата каде играше за Хјустон. Висок е 213 сантиметри, игра како центар и треба да е од голема помош под обрачите за гостиварчани во новата сезона.

Претходно, на Гостивар на располагање му се стави и Американецот Донован Доналдсон. Првата прозивка тимот ќе ја има в понеделник и сите кошаркари се очекува да бидат на број.