Гостивар го „освои“ Чаир и го задржа чекорот со најдобрите 

Кошаркарите на Гостивар одново ги израдуваа своите фанови и од незгодното гостување кај Чаир 2030 се враќаат со минимална, но многу значајна победа, за што подобар пласман во пресрет на разигрувањето за трофејот во Првата кошаркарска лига на Македонија (93-97).

  • Комплетниот натпревар меѓу Чаир 2030 и Гостивар:

Гостиварчани за пораз не знаат повеќе од еден месец, и се во серија од четири победи на домашна сцена. Но, вечерва мораа да се помачат за да стигнат до посакуваното славје, што не беше таков случајот во нивната прва овосезонска пресметка (86-68).

Во првите две четвртини се играше израмнето, ниту една екипа не успеа резултатски да се одпели, додека во третите десет минути Гостивар заигра поангажирано, ја направи потребната разлика за големо славје. Во последната четвртина Чаир 2030 имаше неколку налети да стигне до пресврт, но гостите не го дозволија тоа и за дома си заминаа со заслужено славје.

Најпрецизен кај победничкиот тим беше Виктор Ефремовски со 25 поени, три скока и четири асистенции, додека за домашниот тим се истакнаа зимското засилување од Пелистер, Недим Мустафаца и Предраг Пајиќ со по 21 поен.