Гостивар доведе две засилување за финишот од сезоната

Koшаркарскиот клуб Гостивар продолжува со максимална посветеност во борбата до крајот на сезоната и го засилува својот ростер со две имиња кои ќе помогнат во борбата за опстанок во лигата.

Нов член на гостиварскиот тим е американскиот центар Кам Грегори, атлетски и енергичен кошаркар кој носи квалитет, агресивност и стабилност на двете страни од теренот. Грегори ќе биде важен дел од тимот во предизвиците што следуваат до крајот на сезоната.

Во редовите на Гостивар пристигнува и Борјан Стојановски, македонски кошаркар кој доаѓа од Работнички. Со своето искуство, борбеност и квалитет, Стојановски ќе донесе дополнителна сигурност и ширина во составот.

Следен натпревар на Гостивар во домашниот шампионат во недела против финалистот на Купот, МКК Куманово.