Гостивар донесе искуство на позицијата крилен центар

Македонскиот прволигаш Гостивар пред стартот на новата сезона донесе ново име во своите редови и скоро го комплетира ростерот за првиот натпревар.

Ново име меѓу гостиварчани е 33-годишниот Александар Штерјов. Крилниот центар доаѓа од редовите на АВ Охрид, тим кој се распадна и не го дочека стартот на новата сезона, а сите играчи беа приморани да си бараат нови клубови.

Штерјов важи за кошаркар со големо искуство, затоа што во минатото играше за МЗТ, Вардар, Кожув, Куманово, Охрид...

Гостивар новата сезона ја отвора на домашен терен против новајлијата во шампионатот ФМП.