Гостивар доби големо засилување, потпиша со Магдевски

Екипата на Гостивар пред стартот на вториот дел од сезоната во Првата лига донесе големо засилување во своите редови и потпиша со македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски.

Магдевски, кој има 21 година, во редовите на гостиварчани доаѓа од Фени Индустри. Плејмејкерот кој низ кариерата настапуваше и за големите Реал Мадрид и Партизан потпиша договор до крајот на сезоната, а во тимот ќе го носи дресот со број девет.

Новајлијата во шампионатот игра одлична полусезона во Првата лига и котира високо на табелата, на четвртото место со скор 7-4.