Горјиан замина од австралиската клупа по четвртфиналниот пораз од Србија

По големите очекувања и НБА-ѕвездите во ростерот, австралиската кошаркарска репрезентација остана без медал на Олимписките игри. Поразот од Србија во четвртфиналето значи дека „кенгурите“ ќе завршат меѓу петтото и осмото место во Париз.

Селекторот Брајан Горјиан по поразот од Србија повеќе нема да ја врши селекторската улога на оваа репрезентација. Со тоа воедно завршува и вториот мандат на 71-годишниот тренер како селектор на оваа репрезентација.

Првиот мандат го имаше од 2001 до 2009 година, а вториот од 2020 досега во кој Австралија освои бронза на олимпискиот турнир во Токио, заврши како десетта на Светското првенство во 2023 година и претрпле четвртфинална елиминација во Париз.