ВИДЕО: Гордон и Јокиќ со „цепелин“ за победа на Денвер, Оклахома со „метла“ до четвртфинале

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја израмнија серијата против Лос Анџелес Клиперс на 2-2 со победа од 99-101 по огромна драма во првата плеј-оф рунда во НБА лигата. Мечот во „Интиут Доме“ понуди многу борба, имаше и турканица, а на крајот гостите стигнаа до драматична победа. 

Кулминацијата на драмата се случи со истекот на времето, бидејќи Арон Гордон заби со истекот на времето. Акцијата на неколку секунди пред крајот при резултат 99-99 ја поведе Никола Јокиќ, Србинот имаше неуспешен удар за три и топката паѓаше до обрачот, а Гордон го искористи тоа како цепелин и заби. Откако судиите долго проверуваа дали поените се навремени, на крајот ја потврдија победата на Денвер. 

Никола Јокиќ беше најдобар на мечот со неверојатни 36 поени и 21 скок, додека кај Клиперси се истакна Каваи Ленард со 24 поени.

Во четвртфиналето своето место веќе во осигура Оклахома по вториот „брејк“ кај Мемфис (115-117). Тандерси со „метла“ за Гризлис во четири меча ја затворија серијата во своја корист.