Горан Драгиќ во Чикаго ќе ја носи „седумката“ на Тони Кукоч

Драгиќж

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ во новата НБА сезона ќе игра во дресот на Чикаго Булс.

Искусниот плејмејкер потпиша едногодишен договор со славната франшиза. Го одбра бројот „7“, кој во минатото го носеше Тони Кукоч.

Пред да потпише со Булси, Словенецот настапуваше уште за Бруклин, Торонто, Мајами, Феникс и Хјустон. Во наредната сезона тој ќе инкасира 2,9 милиони долари.