• Сашо Поповски

Ветеранот Горан Драгиќ го потврди своето учество на претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Чешка, Грузија, Германија и Италија.
36-годишникот, кој неодамна беше претставен како ново засилување на Чикаго Булс, на социјалните мрежи напиша „Се вратив“ и ги потврди добрите вести за словенечките фанови.
I’M BACK ….. #TheDragon @kzs_si @EuroBasket pic.twitter.com/ebV1VnnqM6
— Goran Dragić (@Goran_Dragic) August 5, 2022
Словенците ќе го бранат европскиот трон на турнирот во септември. Во финалето пред пет години тие беа подобри од репрезентацијата на Србија.
Оваа година ќе тргнат во одбрана на титулата од групата Б, каде ќе играат заедно со Франција, Литванија, Германија, Унгарија и БиХ.