Големо засилување за Струга, доаѓа Американката Томпсон 

Женскиот кошаркарски клуб на Струга доведе големо засилување за следната сезоната, откако го договори потписот со Американската, Дестини Томпсон.

Се работи за кошаркарка која што игра на плејмејкерската позиција, а може солидно да одговори и како бек, а во македонскиот прволигаш доаѓа од редовите на Спартак Суботица, каде што настапуваше во минатата сезона. 

Екипата на Струга минатата сезона ја заврши на третата позиција на табелата во западната Прва лига, веднаш зад Бадел и Работнички.