• Горан Упале
Американскиот кошаркар Џејмс Нанали е нов член на грчки АЕК од Атина. По заминувањето на најдобриот играч Крис Силва, кој го засили Фенербахче, клубот одлучи да им угоди на своите навивачи.
Тие го официјализираа доаѓањето на Нанали единаесет минути пред влегувањето во 2026 година, откако претходно искусниот кошаркар играше во Кина за Жеџијанг Гуангша.
Нанали доаѓа со искуство од шампионот на Евролигата во 2017 година, кога ја освои титулата со Фенербахче, Нанали носи и квалитет што ќе бидат од големо значење за грчкиот тим.
Во текот на својата кариера, Нанали играше во НБА лигата за Атланта, Филаделфија, Минесота, Хјустон и Њу Орлеанс, а во Евролигата, покрај Фенер, ги бранеше боите на Олимпија, Макаби и Партизан. Тој одигра вкупно 183 натпревари во Евролигата со просек од речиси 10 поени.
